[Рецензија] Вистинските фанови го сакаат новиот звук на „Арктик манкис“

Доживуваш светска слава, сите очи наеднаш стануваат вперени токму кон тебе, целото она што си го сонувал како дете наеднаш се исполнува, но повторно не си среќен, напрoтив се чувствуваш поосамен од кога било.

Сите те напуштиле, остануваш сам, разочаран од системот и неговите неправди. Ги оставаш сите, а го одбираш твоето старо пијано, од кое за прв пат произведуваш поинакви, поцврсти и многу посилни звуци од кога било досега.

Вакво нешто му се случува на Алекс Тарнер од „Арктик манкис“, кој изгубен во славата која ја доживува после мегапопуларниот албум „AM“, со кој овој бенд го достигнува врвот по кој мечтаат сите музичари, останува потполно сам со своето старо пиjано и почнува да пишува нов албум, кој е нешто сосема поинакво, нешто многу понетипично за него и овој бенд, но нешто многу позрело и повредно.

„Tranquility Base Hoteland Casino“ слободно можеме да кажеме дека отстапува од сѐ она што досега можевме да слушнеме од овој бенд, односно забележлива е една револуција во нивниот звук. Присутноста на онаа англиска уметност од седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век е повеќе од очигледна. Влијанието на „Битлс“ и Дејвид Боуви во овој албум е нешто што на прв момент навистина се чини изненадувачки, но на крај токму тие елементи се пресудни за зрелоста во звуците на сите песни од овој албум.

Почнувајќи од „Star treatment“, преку „One point perspective“, па се до „Batphone“ и „Ultracheese“, Алекс Тарнер и Arctic Monkeys не ни зборуваат за љубовта, која беше главен мотив во нивните теми досега. Технологијата, политиката, осаменоста и религијата се главните теми кои сега се обработуваат во еден многу поинаков, помоќен стил.

Албумот е практично направен на пијано, иако можеме да одделиме неколку одлични мајстории на гитара, јасно е преку кој инструмент овие момци сакаа да го доближат овој нов звук до публиката.

Не излезе ниту еден сингл пред да се појави албумот, што ни укажува на тоа дека станува збор за еден концепт, еден концептуален албум каков што публиката бара со години, а токму овој начин на правење на албуми нѐ враќа во добрите стари „златни“ времиња на музиката од осумдесеттите години.

Некои ќе речат дека ова е Алекс Тарнер албум, а не „Арктик манкис“ албум, можеби и ќе бидат во право, бидејќи првично беше замислен како негов соло албум, меѓутоа и самиот пејач сакаше да го сподели со бендот кој ја прифати идејата и ни покажа со каков карактер и каква зрелост всушност располага целиот бенд, а не само Тарнер.

Повторно ќе се вратам на мегапопуларниот „AM“, кој го освои светот и чии обожаватели сега се видно разочарани после овој албум. Зошто? Бендот го менува целиот концепт, се свртува кон стариот добар звук на Боуви, Леонард Коен и бројни други уметници од тој период, но ова не е пропаднат обид, или не дај боже имитација на Боуви, ова е едноставно созревање, влегување во една друга димензија, продлабочување на целото она што досега ни го претставуваа славните „Арктик манкис“.

Тоа значи дека само вистинските фанови на Алекс Тарнер и „Арктик манкис“ ќе знаат да го препознаат и почитуваат ова созревање на звукот на бендот и ќе се издвојат како вистинската фан база наспроти комерцијалните обожаватели на популарниот „АМ“.

Веќе можевме да слушнеме и некои песни од новиот албум во изведба во живо, како „Four out of five“, песната која прва доби и музичко видео, но зрелоста за која зборувам во овој текст можете најдобро да ја забележите во изведбата во живо на нумерата „She Looks like fun“, во емисијата на Џејмс Корден.

Усогласеноста на музичарите овде е неверојатна, песната добива многу поживо темпо и разиграност, во однос на албумската верзија, што ни дава надеж и прави со нетрпение да ја чекаме турнeјата и да видиме какви ќе бидат изведбите во живо и на останатите песни од албумот.

Нешто поинакво, нешто несекојдневно, можеби и нешто неочекувано од овој бенд, но сепак благодарение на овој албум се потсетивме дека оние зувци од седумдесеттите и осумдесеттите се уште не го загубиле своето значење, сѐ уште се тука и се уште можат да бидат оживеани и реставрирани, како што тоа е случај во албумот „Tranquility base Hotel and Casino“, кој од мене не добива четири од пет, туку апсолутно пет од пет ѕвездички.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Рецензии

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more

Зошто зажалив што ја изгледав цела сезона на „Emily in Paris“?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Психолошкиот трилер со Џулија Робертс и Итан Хок пристигна на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе добиеме филм и за Кен?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Габриела Спаниќ изгледа непрепознатливо по бројните козметички зафати

Читај повеќе
  • play_arrow

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Читај повеќе

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ се збогува со филмската кариера: Кажав сè што имав да кажам

Читај повеќе

Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најдобрите филмови и серии за 2023 година според IMDb?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Fast X

Читај повеќе