Одличен рецепт за вкусен појадок.
Потребни состојки:
2 ¼ шолји брашно
1 прашок за печиво
3 лажици шеќер
Половина лажичка сол
Лажичка цимет
2 јајца
Половина шолја масло
Две шолји млеко
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Подгответе го апаратот за вафли.
Во поголем сад измешајте брашно, прашок за печиво, шеќер, сол и цимет.
Во друг сад со средна големина изматете ги белките. Тргнете ги на страна.
Изматете ги жолтките, маслото, млекото и екстрактот од ванила. Оваа смеса измешајте ја со сувите состојки. На крај, додадете ги изматените белки и полека мешајте.
Сипете ја смесата во апаратот за вафли и печете според упатството. Вафлите може да ги послужите со јаворов сируп, шеќер во прав, крем, овошје, шлаг.