Рецепт на денот: Богато и сочно гурманско грне

Направете гурманско грне со сочно месо и компири, рецепт за супер ручек што ќе го сака целото семејство, а практично сам се подготвува.

Никогаш нема доволно инспирација за ручек, а познато е дека на Балканов многу сакаме комбинација од месо и компири. Денеска ви пренесуваме фантастичен рецепт за гурманско грне исполнето со сочно месо и компири, кое практично „сама се прави“. Сѐ што треба да направите е да ги наредите состојките во земјен сад, да го прелиете со вино и да оставите да се крчка неколку часа. Вкусот е совршен, а поради едноставната подготовка успеваат и оние кои немаат многу кулинарски вештини.

Потребни состојки:

  • 1 кромид
  • 6 чешниња лук
  • 1 кг компири
  • 1,5 кг месо (колбаси, сланина, свинска плешка, батак)
  • 4 моркови
  • 300 мл црвено вино
  • масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Земјениот сад премачкајте го со маст, па наредете крупно исечкан кромид и цели чешниња лук (исчистени). Одозгора ставете го месото, како и сланината и колбасите и убаво зачинете со сол и бибер. Наредете ги исечените компири и моркови кои претходно сте ги излупиле, а потоа прелијте со црвеното вино. Покријте и ставете во ладна рерна и печете на 250°C околу 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 200°C и печете уште 4 часа.

Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Посна лазања со спанаќ и печурки

Read more

Се сеќавате ли на ламбада? Рецепт за оваа легендарна торта која буди носталгија

Read more

Лажна пица од зелка и компири место тесто

Read more

Рецепт на денот: Бакалар со леблебии и чери домати

Read more
 

Магазин

Четката за заби треба темелно да се мие еднаш неделно

Читај повеќе

Пет митови за шеќерот кои би можеле да ве спречат да изгубите тежина

Читај повеќе

Готвач открива кои јадења најмалку треба да се порачуваат во рестораните

Читај повеќе

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Читај повеќе

Очите ви се постојано суви? Можеби ви недостасува важна хранлива материја

Читај повеќе

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Бездомник во Италија доби на лото, едвај успеа да ги земе парите

Читај повеќе

Вашата крвна група можеби е „виновна“ зошто слабеењето ви е невозможна мисија

Читај повеќе

Три начини како да примите повеќе витамин Д во текот на зимата

Читај повеќе