Рецепт на денот: Чорба од целер со кнедли

Лесен рецепт за вкусна и ароматична чорба со вкус на целер.

Потребно е:

1 поголем корен од целер
1,5 л пилешка супа (може и вода)
50 г путер
1 поголем компир

за запршката:

100 г путер
40 г бело брашно

за кнедлите:

2 белки
40 г гриз

2 жолчки
малку сок од лимон
сол, бел бибер
мелено морско оревче

Подготовка:

– Коренот од целер измијте го убаво, излупете го, исечете го на помали коцки и пропржете го на 50 г путер.

– Сипете 1,5 л пилешка супа (или вода). Во супата ставете и еден компир исецкан на коцки.

– Кога ќе омекнат целерот и компирите испасирајте ги и вратете ги во супата.

– Направете запршка од 100 г путер и 40 г брашно. Запршката треба да остане бела. Полека сипете ја во супата со постојано мешање.

– Преминете на подготовка на кнедлите. Изматете ги во цврст шлаг двете белки. Додадете 40 г гриз и убаво измешајте. Со лажиче земајте од смесата и спуштајте ги кнедлите во врелата супа.

– Изматете ги жолчките и полека додадете ги во супата со  постојано мешање. Во супата сипете и малку сок од лимон. Зачинете со сол, бел бибер и морско оревче, по вкус.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе