Рецепт на денот: Хумус на турски начин
Хумусот е популарно јадење од Блискиот Исток, а стана тренд во исхраната ширум светот во изминатава деценија. Сѐ почесто може да се види и на нашите трпези, не само заради тоа што е тренди, туку и бидејќи е многу здрав.
Хумусот содржи многу минерали, витамини и здрави масти – наутот, кој е основна состојка на хумусот, е природен извор на железо.
Ова вкусно јадење исто така содржи и витамин Ц што е неопходен за апсорпција на железото, така што се препорачува и за луѓе кои имаат проблеми со анемија.
Турската YouTube готвачка ѕвезда Рефика ќе ви покаже како се прави хумус на турски начин. Можеби ова ќе стане вашиот нов омилен рецепт!