Сочни копани со брокула во ароматичен сос се одличен предлог за денешниот ручек.
Никогаш не е доста од инспирација за ручек, па ви предлагаме да го пробате и овој рецепт. Направете сочни копани со брокула во сос од павлака и сенф. Подготовката е едноставна, а состојките не се прескапи. Ако не сакате зачинета храна, слободно изоставете ја лутата пиперка. Во ова јадење со копани можете да додадете и некој друг зеленчук, како пиперки...
Потребни состојки:
- 6 копани
- 400 гр брокула
- 1 чешне лук
- 1 кромид
- 1 лута пиперка
- 1 шолја павлака за готвење
- 1 лажичка сенф
- сол
- бибер
- блага пипер
- маслиново масло
- путер
Подготовка:
Зачинете го месото со сол, бибер и посипете со блага пипер. Добро истријте ги зачините, па прелијте ги со маслиново масло. Покријте со проѕирна фолија и маринирајте половина час. Потоа во тавата истурете малку масло и растопете го путерот, па пропржете ги копаните. Извадете го месото кога ќе се испржи, па во истото тавче додадете ситно сечкан кромид и цело чешне лук (кое сте го сплеснале со нож), како и сечканата лута пиперка. По неколку минути извадете ги лукот и лутата пиперка, а потоа додадете ја сечканата брокула и пропржете неколку минути. Вратете го месото во тавата.
Измешајте го кремот за готвење со сенфот, па сè добро соединете. Истурете во тавата, а потоа истурете малку вода и варете додека не почне да врие. Потоа покријте и варете уште половина час.