Крцкавото зачинето пилешко е идеално за дружење, грицкање, па дури и за ручек со прилог по ваш избор.

Овој рецепт содржи власец, вид растение од родот на луковите, во потесно сродство со лукот, шалотот, празот, кромидот и кинескиот кромид. Власецот има многу високо ниво на витамин Ц и помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Го стимулира производството на колаген. Содржи и витамин К, кој е важен за одржување на коските. Го стимулира мокрењето, со што се елиминираат токсините, солите, водата и мастите. Тоа е повеќегодишно растение и единствен член на луковите домороден и во Европа и во предколонијална Америка.
Потребни состојки:
- 2+ лажици масло
- 160 гр презла
- 80 гр мајонез
- 80 гр павлака
- 2,5 лажици власец
- 2 лажички сенф
- 230 гр пилешко филе
- 1 лажичка мелена пипер
- 240 гр кашкавал
- сол
- бибер
Подготовка:
Прво ставете решетка во средината на рерната и загрејте ја на 200°. Садот за печење лесно намачкајте го со масло. Во голема тава на силен оган загрејте 2 лажици масло. Додадете ја презлата и пржете со често мешање до златно кафеава боја, 2 до 3 минути, а потоа зачинете со сол и бибер. Префрлете сѐ во чинија и оставете да се излади.
Во плиток сад изматете ги мајонезот, павлаката, сечканиот власец и сенфот и зачинете со сол и бибер. Исушете го пилешкото. Посипете со пипер и зачинете со сол и бибер. Секое филе потопете го во смесата со мајонез, премачкајте ги двете страни, па префрлете во подготвената тава. Одозгора прелијте ја преостанатата смеса од мајонез.
Додадете го ренданиот кашкавал во презлата, зачинете со бибер и измешајте за да се соедини. Врз пилешкото посипете ја смесата со презла, притискајќи лесно за да се залепи. Печете го пилешкото 25 до 30 минути. Префрлете го месото во чинија и оставете го да отстои 10 минути. Одозгора украсете со преостанатиот власец.