Медитеранскиот грав со пилешко е јадење за со лажица, кое е идеален ручек за секој ден и за целото семејство.

Ова е доста различен рецепт од традиционалниот македонски грав на кој сме навикнати. Комбинацијата со пилешко месо делува необично, но треба да му се даде шанса.
Потребни состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- 400 гр пилешко филе
- 1 кромид
- 3 моркови
- 3 стапчиња целер
- 1 лажичка свежа мајчина душица
- ½ лажичка сушена жалфија
- 1 ловоров лист
- 400 мл пилешки билјон
- 400 гр бел грав
- шака свеж магдонос
Подготовка:
Прво загрејте го маслото во голема тава, додадете го пилешкото и пропржете, па извадете го и исечкајте го на парчиња. Во истата тава додадете го кромидот, морковот и целерот и пржете додека не омекнат, едно 10-15 минути.
Додадете мајчина душица, жалфија, ловоров лист и булјон. Додадете го пилешкото и гравот, покријте и варете 15-20 минути (можеби ќе треба да додадете малку вода ако е премногу густо). Промешајте со магдоносот и послужете.