Рецепт на денот: Мини ќофтиња во сос од јогурт и кисели краставички

Ако сакате да јадете ќофтиња, сигурни сме дека ќе ви се допадне и овој рецепт. Се јадат во еден залак, а превкусни се поради сосот од јогурт. Бидејќи нема месо, одличен е и за вегетаријанци.

Ќофтињата се вкусно јадење кое скоро секој знае да го подготви, а доколку и вие сакате да ги јадете, тогаш ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Направете мини ќофтиња од булгур и компир и послужете ги прелиени со сос од јогурт и од кисели краставички. Ќофтињата на овој начин ги подготвуваат Турците, а сигурни сме дека и вам ќе ви се допаднат.

Потребни состојки:

  • 1 чаша булгур
  • 1 чаша топла вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка блага пипер
  • 1 компир
  • 2 лажици брашно
  • ½ конзерва грашок
  • 1 морков
  • 4-5 кисели краставички
  • ½ стапче целер
  • 1 китка нане
  • 200 мл јогурт
  • 2 чешниња лук

Подготовка:

Истурете булгур во сад, посолете и прелијте со топла вода. Измешајте, покријте и оставете да отстои околу 15 минути. Потоа промешајте и додадете го јајцето, варениот компир исечкан на коцки, зачинете (мелени ким, бибер и блага пипер) и сè убаво измешајте. Додадете брашно и замесете со рака додека сè добро не се соедини. По потреба додадете малку вода.

Обликувајте мали топчиња како џамлии и наредете ги во чинија. Потоа во тава во која сте загреале масло пржете ги додека не добијат златна боја.

Испржените мини ќофтиња ставете ги во огноотпорен сад, па додајте ги сечканите моркови (што сте ги свариле), грашокот и целерот. Потоа додадете ги кисели краставички што сте ги исечкале на тркалца, како и сечканото нане. Истурете јогурт и додадете рендан лук. Сè добро измешајте.

Или, за поедноставно, следете ги инструкциите на видеото:

Remote video URL
Тагови
реклама

Полната Месечина викендов ќе донесе промени во кариерата за 5 знаци

Read more

Големата разлика во годините е нов тренд кај паровите

Read more

Рецептот што го освои TikTok: Пробајте го најмекото пилешко и компири во сос од лимон

Read more

Во Египет откриен најстариот поплочен пат во светот, се знае и за што се користел

Read more

Рецепти

Рецептот што го освои TikTok: Пробајте го најмекото пилешко и компири во сос од лимон

Read more

Пилешко со пржени компири во ромеско сос

Read more

Почнува сезоната на младиот кромид: Зошто треба да го вклучите во исхраната?

Read more

За лижење прсти: Говедско со портокал и костен - во тортиља

Read more
 

Магазин

Конзервирана храна што може сериозно да му наштети на вашето здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Запознајте го Кристијано МекДоналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецептот што го освои TikTok: Пробајте го најмекото пилешко и компири во сос од лимон

Читај повеќе

10 навики на најуспешните луѓе во светот, на една Опра особено се придржува

Читај повеќе

Големата разлика во годините е нов тренд кај паровите

Читај повеќе

Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец го обвинил за принуден брак

Читај повеќе

Како јадењето јајца може да влијае на слабеењето?

Читај повеќе

Зошто не треба да јадеме после 20 часот?

Читај повеќе

Зошто ни се потребни престапни години и како настанале?

Читај повеќе