Раскошно јадење за сечиј џеб. Мусаката со додаток јајца и кашкавал ќе ве освои на прв залак, а во рерна се пече само 10 минути.

Мусака е добро познато јадење од месо и компири, а секоја земја има своја состојка која ја додава за да го подобри вкусот. Денеска ви предлагаме рецепт со кој ќе го изненадите домаќинството со вкусен ручек, според кој мусаката се збогатува со јајца на око и кашкавал. Но, не се само овие две намирници по што се издвојува оваа мусака, туку и совршената комбинација на други зачини.
Потребни состојки:
- 5 компири
- мускатно оревче
- 1 лажичка блага пипер
- 450 гр мелено месо
- 1 кромид
- рузмарин
- 1 лажица доматен сос
- 1 лажица сенф
- шери домати
- магдонос
- 4 јајца
- кашкавал
- масло
- сол
- бибер
Подготовка:
Компирите ситно исечкајте ги, па ставете ги во поголемо тавче кое веќе сте го премачкале со масло. Посолете, побиберете, додадете блага пипер и мускатно оревче. Пржете додека не добијат златна кора, па префрлете во тепсија премачкана со масло и рамномерно распоредете. Потоа во тавата пропржете го меленото месо и сечканиот кромид, па зачинете со румарин. направете дупка во средината и ставете доматен сос и сенф, па промешајте. Сето тоа сипете го над парчињата компир. На крајот наредете шери домати исечкани на половинки, а потоа скршете 4 јајца. Распоредете ги така да има растојание помеѓу нив. Посипете со рендан кашкавал и печете во рерна на 200°C околу 10 минути. Откако ќе биде готово украсете со сечкан свеж магдонос.