Рецепт на денот: Особуко - милански говедски специјалитет

Научете како се прави италијанскиот специјалитет особуко, чие месо е толку меко, што се топи в уста.

Особуко, или ossobuco alla milanese, е италијански специјалитет попречно исечени говедски коленици кои се динстаат со бело вино и зачини. Доколку сакате да ја почитувате традицијата, тогаш послужете со ризото или палента, иако прилогот варира во зависност од регионот каде се подготвува јадењето. Денеска ви предлагаме да го пробате рецептот за особуко на професионалниот готвач Лени, а вака подготвеното месо е толку меко што се распаѓа.

Особуко е специјалет од ломбардиската кујна, кое на локалниот дијалект се вика оз бус (òss bus).

Потребни состојки:

  • 1,8 кг телешки коленици
  • 1 кромид
  • 2 стебленца целер
  • 2 мали моркови
  • 5 чешниња лук
  • 1 шолја суво бело вино
  • 1 лажица доматна паста
  • 1 гранче рузмарин
  • мајчина душица
  • 1 ловоров лист
  • 3 шолји пилешки булјон
  • брашно
  • сол
  • бибер

Подготовка:

На средината на долгиот дел од шницлата врзете конец, па добро посолете ги, побиберете ги и потоа извалкајте ги во брашно.

Потоа на малку масло пропржете го месото од двете страни, па извадете го од тавата. Додадете уште малку масло, па пропржете го ситно сечканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете ги сечканите моркови и целерот, а кога зеленчукот ќе омекне, додадете толчено лукче. Промешајте и истурете бело вино. Кога течноста малку ќе испари, додадете ја доматната паста и измешајте, па додајте ги рузмаринот, мајчината душица и ловоровиот лист, па додајте многу сол и бибер. Варете уште неколку минути, а потоа вратете го месото. Истурете булјон и печете во загреана рерна на 180°C околу 2 часа.

Remote video URL
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Лазањи од шпагети

Read more

Традиционален деликатес во ново руво: Сутлијач со додаток бело чоколадо

Read more

Рецепт на денот: Ловечки шницли со сенф и црно вино

Read more

Најдобриот рецепт за лесна подготовка на вкусна пастрмка

Read more
 

Магазин

Кое време од денот е најдобро за секс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Канаѓанец го собори светскиот рекорд за брзо јадење лути пиперчиња

Читај повеќе

Зошто треба да ја миеме бананата пред да ја излупиме?

Читај повеќе

Лекари објаснија што се случува во телото кога ќе се откажеме од кафе

Читај повеќе
  • filter

Ретро-футуризам: Илон Маск гради мегабензинска станица со кино и ресторани каде ќе работат роботи

Читај повеќе

Заеднички живот: Дали сте подготвени да се преселите под ист покрив?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Читај повеќе
  • filter

Скопски моден фестивал и Моден викенд Скопје го размрдаа модерно Скопје

Читај повеќе

Особини по кои ќе ги препознаете емоционално незрелите родители

Читај повеќе