Рецепт на денот: Панакота со сос од нектарина

Летото е при крајот, искористете го овој познат италијански рецепт за да уживате во вкусот на нектарините.

Состојки:

400 мл. павлака за готвење

200 мл. млеко

75 гр. шеќер

Екстракт од ванила

Три листа желатин

Три лажички шеќер

Четири зрели нектарини

1 лажица путер

Начин на подготовка:

Прелијте го желатинот со ладна вода и оставете да отстои околу 5 минути. Во тава загрејте млеко, павлака и шеќер со три-четири капки екстракт од ванила. Мешајте ги, но не дозволувајте да зовријат.

Исцедете ги лисјата желатин, па еден по еден додавајте ги во павлака со непрекинато мешање. Кога желатинот ќе се раствори, тргнете го од оган и сипете во чашите за сервирање.

Панакотата оставете ја во фрижидер најмалку 4 часа. Излупете ги нектарините, исецкајте ги на коци и динстувајте на путер. По желба, додајте малку шеќер и варете додека смесата се згусне.

Сервирајте ја панакотата со изладениот овошен сос.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе