Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Пица ролнички со ајвар се одличен избор за брза и вкусна закуска, совршени за секоја пригода, без разлика дали организирате вечера со пријателите или едноставно сакате да уживате во нешто вкусно.

Овој рецепт е едноставен, брз и сигурно ќе ги задоволи сите љубители на пица, а подолу е рецептот за овие сочни и крцкави ролнички.

Состојки:

1 пакување свежо лиснато тесто

150 гр салама по избор

150 гр ајвар

80 гр полутврдо сирење (Гауда), рендано

70 гр моцарела, рендана

Оригано по вкус

1 јајце за премачкување

Подготовка:

Лиснатото тесто развлечете го на лесно набрашнета работна површина. Погрижете се тестото да не се залепи и да се шири рамномерно.

Ајварот рамномерно распоредете го на развлеченото тесто, оставајќи околу 1 сантиметар простор на рабовите. Над ајварот рамномерно распоредете ја саламата, па посипете со рендана гауда и моцарела. По желба додадете малку оригано за дополнителен вкус.

Нежно и внимателно расукајте го тестото. После тоа, ролатот ставете го во замрзнувач 15 минути за да се стегне тестото.

Извадете го ролатот од замрзнувачот и исечете го на парчиња со дебелина од околу 2,5 см. Подготвените ролнички ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Погрижете се да оставите малку простор помеѓу секоја ролна за да се испечат рамномерно.

Во помал сад изматете го јајцето и со него премачкајте ја секоја ролничка. По желба, ролничките посипете ги со оригано. Загрејте ја рерната на 200°C и печете ги ролничките 15 минути или додека не поруменат.

Кога ќе се испечат, извадете ги од рерна и оставете ги малку да се изладат.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Read more

Четирите најлоши намирници што не треба да ги јадете навечер ако сакате да ослабете

Read more

Од понеделник ново депо на Пајак службата на ПОЦ

Read more

Рецепти

Пилешко со корнфлекс во бел сос

Read more

Печено ризото во сос од домати со месо, на италијански начин

Read more

Туна омлет со моцарела

Read more

Рецепт на денот: Зачинети мафини со пршута и сирење

Read more
 

Магазин

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Читај повеќе

Досадата им е неприфатлива: Хороскопски знаци со неисцрпна енергија

Читај повеќе

На еден начин ќе согорите 60% повеќе калории при пешачење

Читај повеќе

Начините на кои прекумерната грижа влијае на децата

Читај повеќе

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најбогати луѓе низ историјата

Читај повеќе

Доаѓа ретрограден Меркур: Хаос за сите, освен за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Секс пози што помагаат во ублажување на менструалните тегоби

Читај повеќе

Кои се можните причини за прекумерно потење кај жените над 40 години?

Читај повеќе