Рецепти

Рецепт на денот: Пилешки ролат со спанаќ

30. август 2019 - 15:42 | М.С.

Пробајте го овој вкусен и едноставен рецепт кој се подготвува многу брзо.

Состојки:

Половина шолја рендано сирење по ваш избор

1 лажица павлака

Едно чешне ситно исецкан лук

Две лажици сенф

Четири парчиња стек исечен на долги парчиња

300 гр. спанаќ, измиен и исчистен

1 лажица маслиново масло

180 мл. пилешка супа во коцка

1 лажица сок од лимон

Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Во мала чинија промешајте рендано сирење, павлака, лук, сенф и малку бибер. На средина на секое парче ставете спанаќ, две лажици од смесата со сирење и замотајте го како ролат. Прицврстете со чепкалки.

Загрејте масло во длабоко тавче, додајте ги пилешките ролни, па пржете 5-8 минути додека да добијат златна боја. Намалете ја температурата, додајте малку вода, покријте и оставете да се динстува 10 минути на средна температура. Кога ќе биде готово месото, ставете го на чинија. 

Во тавчето додајте ја пилешката супа, сокот од лимон, преостанатата лажица сенф и малку сол. Гответе додека смесата се згусне. Извадете ги чепкалките, исечете го ролатот на кришки и прелијте со сосот.

Коментирај