Рецепт на денот: Пита со компири и пилешко

Иако питата со компири и пилешко не бара премногу скапи и комплицирани состојки, ниту пак посебни кулинарски техники, сепак ќе треба да поминете малку време во рендање на компирите.

Питата rappie е едноставно јадење со компири и месо кое се нарекува и rapure или râpure- од францускиот збор за рендан компир.

Кога ќе одлучите да ја направите, испланирајте време за рендање на компирите, кои потоа треба да ги исцедите, а за да биде питата посочна, се додава и пилешката супа.

Состојки:

– 1 пиле (1800 g)

– 5 кг компири

– 1 главица кромид

– 1 морков

– 1 стебленце целер

– 2 лажички сол

– 2 лажици путер

Подготовка:

1. Месото, кромидот, морковот, целерот и солта се ставаат во ладна вода и се загреваат. Кога ќе зоврие, варете околу два часа. Процедете ја супата.

2. Пилешкото исчистете го и исечете го на помали парчиња.

3. Излупете го компирот, ситно изрендајте го и исцедете го вишокот течност така што ќе го ставите во чиста крпа и добро исцедете ја водата.

4. Измерете ја количината на течност што ја испуштиле компирите и фрлете ја. Во сад со ренданиот исцеден компир постепено, со мешаање, додавајте од процедената супа во количина колку водата што ја исцедивте од компирите

5. Половина од смесата ставете во голем подмачкан сад за печење, па наредете го исечканото месо. Покријте со остатокот од компирите и се додава омекнатиот путер. Се пече на 200 степени Целзиусови половина час, додека не порумени. Потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште два часа.

реклама

Најточниот хороскоп за март: Кој знак сте во Словенскиот зодијак?

Read more

Карлсон: Американски шпиони ме следеа низ Москва, се сретнав и со Сноуден

Read more

Балканот е во мапата за „Руски свет“

Read more

Кога предозирањето со витамин Д може да биде фатално?

Read more

Рецепти

Брз рецепт за песто паста со 5 состојки

Read more

Гурмански залаци од јунешко месо и печурки

Read more

Рецепт на денот: Пилешко на босански начин – кљукуша батакуша

Read more

Рецепт на денот: Зелени тестенини со печурки и свински врат

Read more
 

Магазин

Најточниот хороскоп за март: Кој знак сте во Словенскиот зодијак?

Читај повеќе

Зошто често се будите уморни?

Читај повеќе

Кога предозирањето со витамин Д може да биде фатално?

Читај повеќе

Главната грешка на нежното родителство што ја прават многу родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали седите правилно кога работите на компјутер?

Читај повеќе

Колку долго треба да трае тренингот ако можете да вежбате само за време на викендите?

Читај повеќе

Брз рецепт за песто паста со 5 состојки

Читај повеќе

Јапонија е пример како треба да се однесуваме со дрвјата во градовите

Читај повеќе

Повеќе од милијарда луѓе се дебели, зголемена е и стапката на дебелина кај децата

Читај повеќе