Рецепт на денот: Полнети бабури со киноа и рататули

Ако сте љубители на полнети пиперки тогаш овој рецепт е идеален предлог за здрав семеен ручек. Подготовката е многу едноставна.

Загрејте ја рерната на 180 степени, а за тоа време подгответе ги бабурите за печење. Отстранете ја дршката на секоја и исчистете ги семките. Ставате ги во сад за печење и печете 20 минути, додека не омекнат.

Во тавче за пржење загрејте масло, а потоа ставете исецкан кромид да се попржи околу 2 минути, додека не омекне. Додадете лук, а потоа и исецкани на коцки тиквички, модар патлиџан, домати, мајчина душица, рузмарин, босилек, сол и бибер. Промешајте добро, покријте со капак и нека се готви околу половина час.

Потоа во мал сад измешајте брашно, пармезан и оригано. Додајте путер и измешајте со прстите додека путерот не омекне во мали парченца. Секоја пиперка пополнете ја со претходно сварена киноа и зеленчукот, кој всушност е рецепт за рататули. Врз пиперките додатете ја содржината со брашното и путерот, печете уште половина час додека не добие златно-кафена боја. Декорирајте со свеж босилек.

Потребни состојки:

6 бабури, 2 мали лажици маслиново масло, 3 чешниња лук, 2 исецкани тиквички, 1 модар патлиџан, 4 средни домати, по половина лажичка сува мајчина душичка, рузмарин, босилек, сол и бибер по вкус, 60 гр брашно, 50 гр пармезан, лажичка оригано, 6 големи лажици омекнат путер, 340 гр сварена киона, свеж босилек за декорација.

Целата подготовка погледнете ја во видеото. Добар апетит.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе