Пилешко бело месо пропржено со брокула е ручек што брзо се прави, а може да го носите и на работа.

Потребни состојки:
- 65 мл пилешки булјон
- 40 мл соја сос
- 3 чешниња лук
- 3 лажици мед
- 2 лажици пренкарен скроб
- 1 лажица ѓумбир
- 2 лажички сусамово масло
- 1 лажица масло
- 1,5 кг пилешко бело месо
- 2 средни главици брокула
- ориз
- сусам
Подготовка:
Ситно исечкајте го лукот и измешајте го во сад со исчистен и ситно изрендан свеж ѓумбир, соја сос, мед, пченкарен скроб и сусамово масло. Мешајте додека не се раствори пченкарниот скроб.
Загрејте го маслото во голема тава на силен оган. Пилешкото исечкајте го на коцки, исчистете го ако има коски или кожа и пржете го 1 до 2 минути. Продолжете со пржење, повремено мешајќи, додека не порумени од сите страни, уште околу 5 минути. Префрлете го во чинија.
Во истата тава на тивок оган ставете ги брокулата и булјонот. Покријте ја тавата и оставете ја брокулата на пареа да омекне, 2 до 3 минути. Трегнете го капакот од тавата и вратете го пилешкото и сите насобрани сокови. Пржете со мешање додека не се згусне сосот и убаво не се премачкаат пилешкото и брокулата, уште 1 до 2 минути.
Оризот (количина по желба) сварете го и сервирајте за секоја особа прорскан одозгора со пропржен сусам. Ова е додаток кој доколку не ви се допаѓа можете да го замените.