Вистински есенски десерт со ореви за целото семејство.

Потребни состојки:
За тесто:
500 г брашно
50 г путер
2 жолчки
1 јајце
1 квасeц
250 мл топло млеко
100 г шеќер
Прстофат сол
За фил:
500 г мелени ореви
200 мл млеко
Останати состојки по желба:
100 г суво грозје
Малку цимет
Малку рум
Начин на подготовка:
Додајте квасец, малку шеќер, лажичка брашно и малку млеко. Измешајте и оставете да нарасне. Во сад додајте брашно, направете место на средина и додајте растопен путер, жолчки, цело јајце, шеќер, квасец и остатокот од млекото.
Размесете го тестото, премачкајте со филот со ореви и наросете со суво грозје. Свиткајте го во ролат и оставете да нарасне. Пред печење премачкајте со растопен путер.
Печете на 200 степени околу половина час. Исечете ја штрудлата откако ќе се излади и по желба наросете со шеќер во прав.
Како да го подготвите филот:
Смелете ореви, додајте шеќер, малку цимет, рум и прелијте со топло млеко. Сварете го малку, оставете да се излади и намачкајте на тестото.