Рецепт на денот: Сочен колач со ананас и моркови

Подгответе го овој сладок, сочен и кремаст десерт и уживајте.

Потребно е:

100 г ореви
250 г моркови
150 г ананас од компот
250 г шеќер
3 јајца
100 мл масло
2 кесички ванилин шеќер
250 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
1/2 лажиче сол
1 лажиче цимет во прав
80 г кокосово брашно

за премачкување:

100 гр чоколаден крем 
2-3 лажици брашно од кокос

Подготовка:

– Морковите изрендајте ги, а ананасот и оревите исецкајте ги.

– Брашното измешајте го со прашокот за пециво, солта, брашното од кокос и циметот.

– Во друг сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадате ги маслото, морковите и ананасот. На крај додадете ги и смесата со брашно и оревите. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.

– Подготвената смеса сипете ја во долгнавеста намастена тава (со димензии 10х30 см).

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 45-50 минути.

– Печениот колач оставете го да се излади, премачкајте го со чоколаден крем, посипете со брашно од кокос, исечете го и послужете.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе