Пробајте го рецептот на Мартина Трајаноска за вкусни тестенини со кари сос со печурки.
Потребни состојки:
Тестенини(по желба)
Печурки
Неутрална павлака
Зачини(сол, сушен магдонос, кари)
Начин на подготовка:
Тестенините сварете ги во зовриена вода, а во меѓувреме направете го сосот. На среден оган запржете ги печурките и додадете неутрална павлака за готвење. Зачинете со сол и сушен магдонос(или зачини по желба) и додадете пола лажичка кари. Варете 4-5 минути, па додадете ги тестенините во сосот. За сосот за 3 порции доволни се 250 мл неутрална павлака и 100 гр печурки.