Што вкусно да јадете денес? Тестенини со сланина и босилек.
Состојки:
- 400 гр тестенини
- 200 мл крем за готвење
- сок од лимон
- сол, бибер
- 3 лажици пармезан
- босилек
- 2 чешниња лук
- 4 лажици маслиново масло
- 20 гр сушена сланина
- 200 гр исчистен грашок
- 1 лажичка сув зачин од билки
- магдонос
Подготовка:
Исечете ја сланината на мали коцки. Подгответе ја смесата со босилек: изгмечете го лукот, додадете босилек, пармезан, маслиново масло и бибер, па сè добро измешајте.
Сверете ги тестенините во солена врела вода. Во голем сад испржете ја сланината на малку масло, додадете грашок и сув зачин од билки.
Динстајте и долевајте вода додека не омекне грашокот, а потоа додадете малку сок од лимон.
На грашокот подготвен на овој начин додадете ги сварените исцедени тестенини и мешавината со босилек.
Промешајте сè и оставете го да динста, па додадете малку течност во која се готвеле тестенините, крем за готвење и сечкан магдонос.