Рецепт на денот: Тирамису со малини

Освежителен десерт со слаб киселкаст вкус на малини и неодолив чоколаден  крем.

Потребно е:

за кремот:
6 јајца
6 лажици шеќер во прав
450 г малини
500 г маскарпоне сирење
1 големо пакување пишкоти
300 мл сварено јако еспресо кафе
3 лажици мараскино ликер или рум

за чоколадниот крем:

200 мл павлака за готвење
100 г бело чоколадо
200 г црно чоколадо

Подготовка:

– Во еден сад изматете ги жолчките со шеќерот во прав. Додадете го маскарпоне сирењето и измешајте убаво.

– Во друг сад изматете ги белките во густ шлаг и полека додадете ги во изматените жолчки. Полека измешајте со дрвена лажица.

– За чоколадниот крем загрејте ја павлаката за готвење и во неа растопете го и белото и црното чоколадо. Оставете да се излади.

– Сварете го еспресо кафето и додадете го мараскино ликерот или румот во него.

– Пишкотите натопете ги во кафете и наредете ги во тава.

– Над пишкотите нанесете го чоколадниот крем, а над него наредете ги малините (ако се многу кисели претходно увалкајте ги во 2-3 лажици шеќер во прав).

– На крај целиот колач прекријте го со кремот од маскарпоне.

– Повторете ја истата постапка додека не ги потрошите сите состојки. На крај треба да завршите со кремот од маскарпоне и искапете со чоколадниот крем.

– Колачот ставете го фрижидер да се излади и потоа исечете го на коцки и послужете.

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Објавено уште едно видео од бруталното однесување на полицијата кон Џорџ Флојд

Read more

Од другата страна на протестите: Моќни фотографии што мејнстрим медиумите не ги објавуваат

Read more

Третина од заболените без никакви симптоми

Read more

Рецепти

Брзо и лесно: Летна супа со зеленчук

Read more

Здрава опција: Како да направите пилешки прсти во рерна?

Read more

Рецепт на денот: Белгиски вафли

Read more

Чорба на денот: Витаминска бомба од лосос и зеленчук

Read more

Магазин

Археолози пронајдоа траги од канабис во древен храм во Израел

Читај повеќе
  • play_arrow

Влијанието на Шекспир врз англискиот јазик

Читај повеќе

Air Serbia ќе лета од Белград за Скопје од 15 јуни

Читај повеќе

Абрамович купи имот во Израел вреден 65 милиони долари

Читај повеќе

Црн вторник: Што значат црните фотографии објавени на Instagram?

Читај повеќе

Неколку причини зошто треба да јадете ф’стаци

Читај повеќе
  • filter

Дали би летувале во двокатен автобус?

Читај повеќе

Брзо и лесно: Летна супа со зеленчук

Читај повеќе

Малта дозволува влез за туристи од 1 јули, но не и за Македонија

Читај повеќе