Рецепт од Србија: Сарма полнета со коленица

Сармата е едно од најомилените балкански јадења, а кај нашиот северен сосед имаат и рецепт со друг вид на полнење - посолено, побогато и, како што самите Срби велат, совршено.

Сармата од кисела зелка е неизбежна за време на зимските месеци, а особено за некој посен празник, слава или именден. Сармата на балканот одамна станала култно јадење, а секој народ на овие простори има своја тајна за подготовка на овој зимски деликатес. Воглавно киселата зелка се полни со мелено месо и ориз, но денеска го претставуваме овој необичен рецепт со полнење од месо од коленица. Дефинитивно ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

  • 1 главица кисела зелка
  • 700 гр сува коленица
  • ловоров лист

Подготовка:

Месото измијте го, па ставете го во тава и прелијте го со вода. Гответе додека не почне да се распаѓа, па извадете го и оставете го да се излади. Листовите кисела зелка потопете ги во вода околу 15 минути. Потоа извадете му ја кожата на месото и одвојте го од коските, па исечете го на крупни парчиња. На секој крај од листовите ставете 2-3 парчиња месо и стандардно виткајте ги сармите. Наредете ги во тавче, па ставете ловоров лист и турете од водата во која се готвеше месото. Ставете и тенко исечкана сланина. Оставете да се крчка околу 3 часа на тивок оган, или додека течноста не испари.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Рецепти

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Read more

Едноставен рецепт за босанска алва

Read more
Пилешко во сос од лук и мед

Рецепт на денот: Пилешко во сос од лук и мед

Read more

Десерт на денот: Чоколадни мафини со кафе

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе

Инфлуенсерски сон: Дизајнерски чизми со Телетабиси чинат 2.500 долари

Читај повеќе