Рецепт за целото семејство: Пита со месо и компир

Ако сте љубители на пити, овој рецепт е идеален за појадок или ручек на целото семејство.

Потребни состојки: 5 шолји брашно, 2 лажички сол, 1 лажичка сув квасец, ½ шолја масло, две и пол шолји топла вода.

За премачкување е потребно 1 шолја масло.

За филот потребно е: 1 кг мелено месо, 1 главица ситно сецкан кромид, 3 компири исечени на коцки, 2 лажици сув зачин, 1,5 лажичка сол, 1 лажичка бибер.

Прелив: 1 шолја вриена вода, малку сол.

Подготовка:

Замесете потврдо тесто од наведените состојки, поделете го на четири топки. Секое топче премачкајте го обилно со масло, ставете го во тепсија и покријте ги со пластична фолија, да отстојат еден час.

Додека чекате да стаса тестото, подгответе го филот. Земете едно топче и растегнете го со сукало, потоа обилно премачкајте го со масло и тегнете колку што можете потенко. Тестата кои се премачкуваат со масло полесно се развлекуваат.

Ставете од филот низ целата кора, пресечете ја на половина и виткајте како ролат. Редете ги во тепсија. Истото направете го и со остатокот од топчињата и филот.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени до 50 минути, додека не порумени. Печената пита испрскајте ја со извриена вода во која сте додале малку сол. Вратете во рерна уште три минути.

Откако ќе ја извадите, покријте ја со друга тепсија или алуминиумска фолија и ставете да отстои уште 15 минути, па послужете.

По истата постапка може да направите и пита со сирење. Пријатен апетит!

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе