Ручек што е подеднакво вкусен кога ќе се олади.

Состојки:
тестенини
карфиол
брокула
1 авокадо
1 чешне лук
сол, бибер
сок од лимон
пармезан
* количините се произволни
Подготовка:
Лукот исечкајте го ситно и малку пропржете го на масло. Помалку од минута е доволно, само да се ослободи аромата.
Брокулата и карфиолот исечкајте ги, посолете малку и пропржете ги додека не омекнат. По потреба додадете малку вода за време на готвењето.
Исчистете го и изгмечете го авокадото со вилушка, додадете малку сок од лимон за да ја задржи бојата.
Кога брокулата и карфиолот ќе омекнат, додадете малку бибер и сол.
Сè убаво соединете: пржениот лук, брокулата, карфиолот, авокадото и зачините.
Сварете ги тестенините, исцедете ги и додадете го подготвениот сос. Сè убаво измешајте, посипете со пармезан и послужете.