Подготовката трае 5 минути, а ќе добиете вкусно и кремасто уживање. Поради една состојка е уште покремаст од оригиналот, но се прави без млеко.
Пудингот е вид на сладок десерт кој се добива со готвење брашно, јајца, гриз и путер во млеко на пареа. Како десерт е многу популарен во Англија, но и во други земји низ светот. Во денешно време најчесто се подготвува инстант пудинг „од кесичка“. Но, доколку сакате поздрава варијанта за вашето семејство, но подеднакво кремаста и вкусна, подгответе следниов рецепт.
Потребни состојки:
- 2 банани
- 2 авокада
- 1 лажица мед
- 100 мл грчки јогурт
- 4 лажици какао
Подготовка:
Излупете ги бананите и исечкајте ги на мали парчиња. Исто така, исчистете ги авокадата и извадете му ги семките. Овошјето ставете го во блендер, додадете мед, какао и грчки јогурт. Измешајте сè додека смесата не стане кремаста и компактна. Истурете во чинии, изладете и послужете со овошје.