Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Цезар салатата со сардини и лук ќе им се допадне на сите љубители на риба.

Цезар салата не мора секогаш да се прави со пилешко, во оваа верзија се прави со сардини, лук и жолчка од јајце. Ако сакате Цезар салата, можеби ќе сакате да го пробате овој рецепт кој е подобар отколку во ресторан.

Потребни состојки:
  • 3 лажици + 105 мл маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 375 гр тост леб
  • 57 гр пармезан
  • 1 голема жолчка од јајце
  • 15 мл сок од лимон
  • 2 до 6 сардини
  • 1 лажичка Ворчестер сос
  • 80 мл масло од канола
  • 2 главици зелена салата
  • сол
  • бибер
Подготовка:

Од зелената салата ви требаат само внатрешните листови, измиени и внимателно исушени, големите листови искинати на помали парчиња, помалите листови оставете ги цели. Лукот истолчете го, лебот исечкајте го на коцки, а пармезанот изрендајте го.

Ставете ја решетката од рерната на средина и загрејте ја рерната на 190°C. Во помал сад измешајте 3 лажици маслиново масло со толчено лукче и матете 30 секунди. Префрлете го во цедалка со ситна мрежа поставена на голем сад и притиснете со задниот дел од лажицата за да извлечете што повеќе масло, истиснатиот лук тргнете го на страна. Додадете ги коцките леб во маслото од лук и измешајте. Додадете 2 лажици пармезан, повторно измешајте и зачинете со сол и бибер по вкус. Префрлете сѐ во плех за печење. Печете додека коцките леб не станат златно кафени и крцкави, околу 15 минути. Извадете го од рерна и посипете со уште 2 лажици пармезан. Оставете да се излади.

Додека се печат коцките леб, направете го преливот. Измешајте ги жолчката, сокот од лимон, сардините, Ворчестер сосот, истиснатиот лук и пармезанот и ставете ги во блендер. Додека блендерот работи, полека сипете го маслото од канола додека не се формира мазна смеса. Префрлете ја смесата во среден сад. Со постојано мешање, полека сипајте го преостанатото маслиново масло. Зачинете по вкус со сол и бибер.

За сервирање, прелијте ја зелената салата со неколку лажици од добиената смеса, додавајќи повеќе по желба. Потоа додадете половина од преостанатиот пармезан и три четвртини од коцките леб и повторно измешајте. Префрлете ги во сад за салата и посипете ги со преостанатите пармезан и коцки леб.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Рецепти

Виенски шницли со сос од печурки

Read more

Маринирано пилешко со зеленчук во ароматичен сос

Read more

Брзо и вкусно: Говедско со кромид и лук во пикантен сос

Read more

Потпечено фета сирење на медитерански начин

Read more
 

Магазин

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Читај повеќе

Зошто работата нè прави несреќни и што треба да промениме?

Читај повеќе

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Читај повеќе

Викенд хороскоп за секој знак

Читај повеќе

Националниот парк Шар Планина е новиот еко туристички центар

Читај повеќе

Како да ги препознаете првите знаци на чир на желудникот?

Читај повеќе

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Читај повеќе

Еден вид болка може да биде првиот знак за рак на дебелото црево

Читај повеќе

Што е поважно во врската – сексот или парите?

Читај повеќе