Одличен рецепт за здрав напиток со суви сливи, а може да биде и замена за појадок.

Потребни состојки:
-1 дл јогурт
-3 суви сливи
-една банана
-половина децилитар сок од портокал
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте околу две минути. Густината на смудито може да ја направите според вашиот вкус. Додадете малку повеќе јогурт или сок од портокал ако сакате да е потечно.
Вкусот може да го збогатите и со две лажици овесни снегулки кои може да ги додадете пред или по подготвувањето, и така ќе биде одлична замена за секојдневниот појадок.