Рецепти полни здравје: Супа, салата, чај и сок од поточарка

Познато е како едно од најстарите растенија чија употреба датира од далечната историја. Многу древни народи го користеле во исхраната и во лекувањето на здравствените проблеми.

Салата од поточарка

Листовите од поточарка добро измијте ги. Додајте исечкан млад црвен кромид и сечкан лук. Додадете сол, бибер и неколку лажици маслиново или масло од тиква со сок од лимон.

Оставете ја салатата да отстои еден час, по што е подготвена за јадење.

Во комбинација со меки сирења (фета, моцарела, урда, бри, кварк) оваа салата може да биде одличен самостоен лесен оброк, но и совршен прилог за главно јадење.

За подготовка на салата, поточарката може да се комбинира со други растенија и разни зеленчуци како ротквица, краставица, дајкон...

Чај од поточарка

Една лажица свежа, измиена поточарка ситно се сечка и се прелива со 2 dcl зовриена вода.

Покријте и оставете да отстои 15-20 минути, а потоа процедете.

Во текот на денот пијте 2-3 шолји од овој чај.

Сок од поточарка

Измијте една шака свежа поточарка и исечкајте ја во соковник. Додадете вода во сооднос 1:5 во исцедениот сок (1 dcl сок на 5 dcl вода).

Земајте една лажица од овој сок три пати на ден.

Супа од поточарка

Потребни состојки:

  • 2 снопа свежа поточарка
  • ½ kg компири
  • 1 l супа (најдобро од зеленчук)
  • сол
  • мелен црн пипер
  • морско оревче
  • (други зачини по вкус)

Подготовка

Поточарката убаво измијте го исечкајте ја. Компирот излупете го и исечете го на ситни коцки.

Додадете ги сите состојки во сад со супа и оставете да проврие. Гответе околу 30 минути, а пред крајот на готвењето зачинете по вкус.

Изладената смеса можете да ја ставите во блендер за да добиете густа кремаста чорба.

Забелешка

Пожелно е поточарката да се консумира свежа, бидејќи голем дел од нејзините лековити вредности се губат со замрзнување и сушење.

На бремените жени не им се препорачува да го консумираат ова растение.

Прекумерното консумирање може да доведе до иритација на желудникот, уринарниот тракт и мочниот меур.

Тагови
реклама

Два хороскопски знака секогаш се радуваат на туѓата среќа

Read more

Отстранете ги црните дамки од вашата пегла со предмет што веројатно го имате дома

Read more

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Read more

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Рецепти

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Read more

Најбрзата салата од варени јајца

Read more

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Read more

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Read more
 

Магазин

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Читај повеќе

Хормонален дисбаланс кај жените: Симптоми што не треба да ги игнорирате

Читај повеќе

Два хороскопски знака секогаш се радуваат на туѓата среќа

Читај повеќе

Отстранете ги црните дамки од вашата пегла со предмет што веројатно го имате дома

Читај повеќе

Приказна од Венеција: Како настанал зборот банкрот?

Читај повеќе

Додавањето на една состојка во оброците може да ги намали скоковите на шеќерот во крвта

Читај повеќе
  • play_arrow

Стјуардеса откри кој пијалак не го препорачува за консумирање во авион

Читај повеќе

Со една грешка се уништува автентичноста на шпагети болоњезе

Читај повеќе

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Читај повеќе