Рецесијата ништо не им може: Кајли Џенер и Кање Вест со огромен профит

Во изминатата деценија листата на Forbes за најбогатите познати личности претрпе многу промени. Најплатените светски ѕвезди годинава заработија вкупно 6,1 милијарда долари, што е пад од 200 милиони долари во споредба со лани.

Со оглед на рецесијата и економската криза со којашто се соочува целата планета, најбогатите не се многу „оштетени“, според познавачите.

Податоците на Forbes покажуваат дека Кајли Џенер и Кање Вест останаа на врвот на оваа листа. Кајли заработи 590 милиони долари благодарение на своите козметички производи, а на Кање договорот со Adidas му донесе 170 милиони долари.

Познати спортисти ги зазедоа местата подолу. Роџер Федерер заработил 106 милиони долари, Кристијано Роналдо - 105 милиони долари, а Лионел Меси - 104 милиони долари. Кога станува збор за светот на филмот и музиката, најголеми суми пари заработија Двејн Џонсон - 87,5 милиони долари и Аријана Гранде - 72 милиони долари. Високо рангирани се и Рајан Рејнолдс, кој заработи 71,5 милиони долари и братската поп-група „Jonas Brothers“, кои годинава се побогати за 68,5 милиони долари.

Forbes сподели и кратко видео коешто покажува како списокот најбогати се менуваше изминатово десетлетие. Така, познатата водителка и глумица Опра Винфри од 2010 до 2012 година го задржа првото место со заработка од 300 милиони долари, а годините потоа неа ја сменија Мајкл Беј, Стивен Спилберг и Мадона.

Во средината на деценијата, најбогат беше раперот Д-р Дре, кој успеа да заработи повеќе од половина милијарда долари. Престолот потоа го презеде Тејлор Свифт, Диди, па Кајли Џенер, која никој од славните сè уште не успеа да ја престигне со својата годишна заработка.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе