Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на починати од ова заболување бил 66, спотед податоците што ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во периодот од 10 години, односно од 2013 до 2022 просечната, инциденцијата за ова заболување била 9,2 на 100.000 жени или речиси 170 нови случаи секоја година, тоа го прави ракот на грлото на матката шесто најчесто малигно заболување кај жените.

Според податоците за морталитет, морталитетот изнесува 2,9 смртни случаи на 100.000 жени или во просек 52 починати жени во овој период од рак на грлото на матката.

„Со редовни прегледи и водење добра грижа за сопственото здравје сите овие смртни случаи може да бидат избегнати бидејќи добар скрининг и раното откривање на сите случаи води кон добри можности за ефикасен третман и избегнување многу смртни случаи“, велат од ИЈЗ.

Извештајојт доаѓа во јануари – месец посветен на подигнување на свеста за ракот на грлото на матката – еден од најчестите и најпревентабилни видови рак кај жените. Ракот на грлото на матката се развива бавно, што овозможува рано откривање преку редовни гинеколошки прегледи и скрининг-тестови, како што се ПАП-тестот и тестирањето на хуман папилома вирусот (HPV).

Што го предизвикува ракот на грлото на матката?

Главниот причинител е инфекцијата со ХПВ, вирус што се пренесува по сексуален пат. Иако повеќето ХПВ-инфекции не се опасни и спонтано исчезнуваат, некои типови на вирусот може да доведат до појава на преканцерозни промени или рак (тоа се ХПВ 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58 и 59).

Покрај хуманиот папилома вирус (ХПВ) како најчест предизвикувач, други фактори што го зголемуваат ризикот за развој на ова заболување се:

– ран почеток со сексуални односи – поголема изложеност на ХПВ-вирусот во помлада возраст;
– повеќе сексуални партнери – зголемен ризик за ХШВ-инфекција;
– слаб имунолошки систем – намалената способност на организмот да се бори со инфекции го зголемува ризикот;
– пушење – хемикалиите во тутунот може да придонесат за развој на рак на клеточно ниво.

Како може да се спречи ракот на грлото на матката?

– вакцинација против ХПВ – ова е најефикасниот начин за превенција. Вакцината се препорачува за девојчиња и момчиња уште од рана возраст;
– редовни скрининг-прегледи – жените треба редовно да прават ПАП-тест и ХПВ-тест во согласност со препораките на лекарот;
– безбедни сексуални практики – употребата на заштита го намалува ризикот од ХПВ-инфекција;
– симптоми на рак на грлото на матката.

Во раните фази овој рак често нема симптоми. Но, напреднатите фази може да предизвикаат:

– абнормално вагинално крвавење помеѓу циклус, по менопауза или по сексуален однос;
– болка за време на сексуален однос;
– болка во грбот, нозете или карлицата;
– необичен вагинален исцедок со интензивна непријатна миризба;
– губење телесна тежина и апетит, проследени со слабост и малаксаност;
– отоци на нозете;
– раното откривање и навременото лекување значително ги зголемуваат шансите за излекување.

Како се спроведуваат скрининг-тестовите?

– ПАП-тест (Папаниколау тест): овој тест е брз и безболен. Земениот примерок од клетките на грлото на матката се анализира за да се откријат промени што може да водат кон рак;
– ХПВ-тест: го открива присуството на високоризични типови на хуман папилома вирусот, кои се поврзуваат со рак;
– редовното извршување на овие тестови, според националните и светските препораки, е клучно за рано откривање на преканцерозните промени.

Важноста од ХПВ-вакцинацијата

Вакцината против ХПВ е препорачана за:

– девојчиња и момчиња од 9 до 14 години, пред почетокот со сексуалната активност;
– лица до 26 години, кои не се вакцинирани во детството;
– ХПВ-вакцината е безбедна и ефикасна и драматично го намалува ризикот од развој на рак на грлото на матката и други ХПВ-поврзани заболувања.

Третман и грижа за заболените

Третманот за рак на грлото на матката зависи од стадиумот на болеста:

– рани фази: хируршка интервенција или минимално инвазивни процедури;
– подоцнежни фази: комбинација од радиотерапија и хемотерапија;
– поддршката за жените што поминуваат низ ова искуство е исто толку важна како и медицинскиот третман. Групите за поддршка, психолошката помош и социјалната поддршка играат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на животот.

реклама

Хаџибегиќ: Да го реализирав тој пенал, немаше да има војна во Југославија

Read more

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Read more

Украина: Севернокорејците се вратија во Курск, напаѓаа 16 часа без престан

Read more

Должи 28.000 долари за казни, а нема ни автомобил

Read more

Македонија

Андоновски: TikTok ќе се забрани ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса

Read more

Од полноќ поскапуваат дел од горивата

Read more

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

Read more

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност

Read more
 

Вести

Тинејџер заврши на клиника – на излез од ноќен клуб во Скопје му ги украле патиките и јакната

Читај повеќе

Грабеж во Чаир: искршени апарати за игри на среќа и украдени пари

Читај повеќе

Андоновски: TikTok ќе се забрани ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса

Читај повеќе

И во Романија и Бугарија бојкот на маркетите поради високите цени: Ваквите поскапувања се неприфатливи

Читај повеќе

Од полноќ поскапуваат дел од горивата

Читај повеќе

Во Србија почнува бојкот на 5 трговски ланци, ќе трае до петок

Читај повеќе

Курти прогласи победа, но ќе мора да бара партнери за владата

Читај повеќе

Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева кој призна вина

Читај повеќе

238 санкции за пребрзо возење вчера во Скопје, вкупно 530 санкционирани возачи

Читај повеќе