Речиси 2.000 нови случаи на корона во Бугарија во последните 24 часа

Софија, 23 февруари 2021 (МИА) – Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани нови 1.925 случаи на инфицирани со коронавирус, од извршени 13.695 тестови, покажуваат податоците на специјализираниот портал за информации.

Од изнесените податоци се гледа дека има 14 отсто позитивни примероци, а повеќето од новозаразените се идентификувани со брзите анализи на антиген.

По отворањето на „зелените коридори“ за време на викендите значително е зголемен бројот на вакцинирани лица. Повеќе од 130.000 лица веќе ја примиле првата од двете дози на вакцината. Од нив, само во последните 24 часа вакцинирани се 11.709 лица. Втората доза од вакцината досега ја примиле 27.952 лица.

Данчо Пенчев, директор на регионалниот здравствен инспекторат во Софија, за Бугарската национална телевизија изјави дека во март секој бугарски граѓанин ќе може да избере со која вакцина ќе се имунизира.

-Нема логистички проблеми поврзани со вакцините во Софија, категоричен е Пенчев.

Во моментов, инспекторатот во Софија има над 5.000 дози на Astra Zeneca. Во четврток се очекуваат 12.000 дози на вакцините на Moderna, а околу 53.000 вакцини на Astra Zeneca ќе пристигнат до крајот на неделата, додека следната недела се очекуваат повеќе вакцини Comirnaty и Pfizer.

Во Бугарија во март се очекува да влезат над половина милион дози од различни видови вакцини. Тогаш е сосема можно да се достигне точката кога секој граѓанин на Бугарија би можел да избере вакцина со која ќе се вакцинира.

Според Пенчев, има доволно вакцини и, доколку е потребно, ќе се изврши преместување од други делови на Бугарија за да се задоволат потребите на Софија.

Бугарија количествата и видовите вакцини ги прима во зависност од договорените односи на Европската унија и на Европската комисија со производителите.

И бугарските матични лекари од вчера се приклучија кон масовната вакцинација против COVID-19 во земјата.

Тагови
реклама

Британците збеснаа поради интервјуто на Меган и Хари: Ова е предавство

Read more

Сто факти за вселената во кои нема да ви се верува

Read more

CAT техника - сигурен пат до женски оргазам

Read more

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Read more

Регион

Грција останува затворена за државјани на трети земји

Read more

Вучиќ прикажа фотографии со оружје и безживотни тела со траги на мачење

Read more

Авион принудно слета во Софија откако патник се обидел да влезе во пилотската кабина

Read more

Бугарскиот Парламент го одби предлогот: Нема да се купуваат руски вакцини

Read more
 

Вести

Марш под мотото „Држава што не постапува е држава што силува“ по повод 8 Март

Читај повеќе

316 нови случаи од 1.562 тестирања за COVID-19

Читај повеќе

Маж исчезнал во водите на Вардар во близина на ПИОМ

Читај повеќе

Американците очекуваат до 2030 година да имаат жена за претседател

Читај повеќе

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Читај повеќе

Приведен крадец од Скопје, извршил 33 кражби во Битола и во Охрид

Читај повеќе

Истражители на СЈО му вршеле закани и притисоци на обвинет во случајот „Тортура”

Читај повеќе

Филипче: Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти

Читај повеќе

Царовска: Жените просветителки ја создаваа државата, жените просветителки ја градат иднината

Читај повеќе