Утрово по синоќешниот прв круг од локалните избори резултатите сѐ уште не се 100% преброени, но провизорните резултати велат дека во метрополата ќе има неизвесен втор круг.
По преброените 69,34% од записниците, трката за градоначалник на Град Скопје се сведува на двајца кандидати кои се издвоија на врвот.
Моментално води Данела Арсовска (поддржана од ВМРО-ДПМНЕ) со 56.555 гласови (или 37,19%) пред актуелниот градоналачник Петре Шилегов со 53.762 гласа (или 35,35%).
Потоа следуваат Перо Геориевски (поддржан од Левица) со 12.745 гласа (или 8,38), Бени Шаќири (поддржан од ЛДП/ДОМ) 6.172 (4,06%), Ана Петровска (поддржана од Зелен Хуман Град) со 5.547 (3,65%), додека сите останати имаат под 1% од гласовите.