Речиси секој трет тендер е со еден понудувач

Во 2016 година дури 23 отсто од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите отколку помалите тендери. Речиси секој трет тендер е со еден понудувач. Ова е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година. Ова се заклучоците од извештајот на Центарот за граѓански комуникации објавен денеска. Извештајот се однесува на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни – декември 2016 година.

Во мониторингот се евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите.

„Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра. Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55 отсто од мониторираните постапки“, се наведува во извештајот.

Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20 отсто повисока од 2015 година.

Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра.

До Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година доставени се само 557 жалби од фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на фирмите од 3 отсто, се вели во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Македонија

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Read more

Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!

Read more

ЕСМ: Се нормализира испораката на топлинска енергија во Општина Центар

Read more

Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија

Read more
 

Вести

Најскапата фотка во историјата е направена на инаугурацијата на Трамп - вреди 900 милијарди долари

Читај повеќе

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Маск се огласи за обвинувањата дека извел нацистички поздрав: Им требаат подобри валкани трикови

Читај повеќе
  • play_arrow

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Читај повеќе

Пристигнува револуцијата на доставата во Македонија!

Читај повеќе

ЕСМ: Се нормализира испораката на топлинска енергија во Општина Центар

Читај повеќе

Францускиот премиер: Европската Унија ќе биде прегазена од политиката на Трамп

Читај повеќе

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Читај повеќе

Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија

Читај повеќе