Речиси сите нови автомобили продадени во Норвешка во 2024 година беа електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација, што и помогна на земјата да ја исполни својата цел да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година.

„Целосно електричните возила учествуваа со 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката федерација за патишта (OFV). Ни требаат само уште 10 проценти за да ја достигнеме целта за 2025 година“, се вели во соопштението на OFV. Од 128.691 новорегистрирани автомобили минатата година, 114.400 биле електрични, што е најголем удел на кој било голем пазар на автомобили и повеќе од 82 проценти во 2023 година.

И покрај тоа што е главен производител на нафта и гас, Норвешка има за цел сите нови продадени автомобили да бидат „нулта емисија“ почнувајќи од 2025 година, што е 10 години пред целта на Европската Унија, чиј член не е Норвешка.

Со години даваа брутални стимулации

Во 2012 година, електричните автомобили сочинуваа само 2,8 отсто од продажбата, но оттогаш тие експлодираа благодарение на различни стимулации.

Тие добија ослободувања од повеќе даноци, што ги направи конкурентни со високо оданочените автомобили со внатрешно согорување. Тие исто така беа ослободени од патарина, имаа бесплатен паркинг на јавните паркинзи и можеа да ги користат лентите за јавен превоз.

Иако некои даночни олеснувања и стимулации беа постепено укинати со текот на годините, електричните автомобили станаа секојдневие. Tesla е водечка компанија за производство на електрични автомобили во Норвешка со 19 отсто од пазарот, а потоа следат Volkswagen, Toyota, Volvo и BMW.

реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Авто новости

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

Read more

Промена на курсот: Германските гиганти остануваат верни на бензинците

Read more

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Конечно откриено како изгледа Kia EV4

Read more
 

Автомобили

  • filter

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

Читај повеќе

Промена на курсот: Германските гиганти остануваат верни на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Читај повеќе

Конечно откриено како изгледа Kia EV4

Читај повеќе
  • filter

Објавена листа со најпопуларните автомобилски брендови во Европа

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Читај повеќе

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Читај повеќе

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе