Ред Бул ангажираше адвокат да го испита судирот меѓу Верстапен и Хамилтон

Ф1
МИА / КАЈГАНА
/ 20.07.2021 / 14:22

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, изјави дека тимот ангажирал адвокат да го преиспита судирот меѓу Макс Верстапен и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, на трката во неделата во Силверстоун.

Стјуардите го казнија Луис со казна од 10 секунди, што не го спречи да ја освои трката за Големата награда на Британија.

„Адвокатот треба да провери што може да се направи во оваа ситуација во рамките на законодавството за спорт. Макс има многу среќа што не му се случи ништо сериозно. Автомобилот е скршен, веројатно исто и моторот. Не можете да поминете низ тоа така. Суспензија за трката би било праведно решение. Правилата мора да се ревидираат – ова исто така важи и за работата на стјуардите. Перес доби две казни од по 5 секунди во Австрија за лесен контакт кога никој не излета од патеката. Хамилтон за многу поголем инцидент доби казна од 10 секунди. Макс беше на својот пат, а Хамилтон мораше да си остане на својот правец. Не можете да удрите во противникот во еден од најбрзите свиоци, каде што лесното допирање може да доведе до фатални последици. Хамилтон треба да знае за ова“, рече Марко.

Инцидентот се случи уште во првиот круг, по што Верстапен остана без пласман и заврши во болница на превентивни прегледи, додека Хамилтон на крајот победи и покрај казната од 10 секунди која предизвика големи реакции кај љубителите на Формула 1.

Хамилтон изјави дека воопшто не чувствува вина, не се согласува со добиената казна и дека дури нема ни потреба да му се извини за Верстапен иако заради него Холанѓанецот прерано ја заврши трката.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе