Ред Бул го суспендираше тест-возачот поради расизам

Ф1
Ф.З.
/ 22.06.2022 / 10:32

Ред Бул го суспендираше својот тест и резервен возач Јури Випс поради расистички навреди употребени од младиот возач за време на пренос во живо додека играше видео игра, а тимот најави „целосна истрага“ за инцидентот.

Випс синоќа во живо пренесуваше како игра во видео игрица и притоа користеше расистичка навреда, а Ф1 тимот на Ред Бул, за кој естонскиот возач е врзан како тест-возач и член на јуниорската програма, веднаш реагираше и соопшти дека е привремено суспендиран.

„Ред Бул Рејсинг го суспендираше јуниорскиот возач Јури Випс од сите должности со моментален ефект, додека ги чекаме резултатите од целосната истрага за инцидентот“, се вели во соопштението.

„Како организација го осудуваме малтретирањето од секаков вид и имаме нулта толеранција за расистички јазик и однесување во нашата организација.

Випс повеќе пати преку својот Instagram профил „безрезервно се извини“ за навредливиот говор што го употреби за време на преносот во живо.

„Овој јазик е целосно неприфатлив и не ги опишува вредностите и принципите до кои се придржувам“, напиша Випс.

„Длабоко жалам за моите постапки и ова не е пример што сакам да го дадам. Целосно ќе соработувам со истрагата“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jüri Vips (@juri_vips)

Випс го имаше своето деби во Формула 1 за време на овогодинешното шпанско ГП кога се натпреваруваше на првиот слободен тренинг, а моментално е активен Формула 2 возач каде вози за британскиот тим Хајтек Гран При.

Естонецот е на седмото место во поредокот кај возачите, а на последната трка во Баку имаше судир на четири круга пред крајот додека беше на водечката позиција.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе