Ред Бул прави рокада Јуки Цунода за Лиам Лосон

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 26.03.2025 / 12:13

Ред Бул донесе одлука да ги замени своите возачи по само две трки во тековната Формула 1 сезона. Шпекулациите дека ова може да се случи се појавија по лошата форма на Лиам Лосон. Возачот од Нов Зеланд ги заврши првите две трки на 15-то и 12-то место, откако не успеа да ја мине првата рунда во квалификациите за трките во Австралија и Кина.

Лиам Лосон ќе оди во Рејсинг Булс, а на неговото место од овој тим ќе дојде Јуки Цунода, кој за Ред Бул ќе дебитира на домашен терен, на трката за Големата награда на Јапонија на 6 април.

Медумите тврдат дека одлуката Лосон да биде испратен во сестринскиот тим ќе биде официјализирана до крајот на неделата.

Ваков расплет вчера најави шефот на Ред Бул, Кристиан Хорнер.

„Шампионатот за конструктори ќе биде тешка задача за нас и ќе мораме значително да го подобриме болидот за воопшто да бидеме конкурентни. Мора да имате два болида кои освојуваат поени, тоа беше нашиот проблем минатата година. Дури и во борбата за титулата кај возачите мора да имате два болида. Клучот е да се осигураме дека двајцата наши возачи ќе бидат што е можно поблиску до врвот“, рече тој.

По заминувањето на Серхио Перес, Ред Бул бараше нов тимски колега за четирикратниот шампион Макс Верстапен, се одлучија за 21-годишниот Новозеланѓанец Лосон, кој последните шест трки од минатата сезона ги возеше во болидот на Рејсинг Булс и освои две деветти места.

Јуки Цунода (24) ја вози својата петта сезона во Формула 1, сите ги помина во тимот на Рејсинг Булс, кој претходно настапуваше под името АлфаТаури, а потоа и под името РБ.

Минатата сезона заврши на 12-то место во поредокот кај возачите. Цунода во Австралија заврши на 12-то, а во Кина на 16-то место.

Тагови
реклама

Ф1

Не помага ни ноќна трка: Во Сингапур ги чека пекол возачите на Ф1

Read more

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Read more

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Read more

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе