Редизајнираниот Ghibli е првиот електрифициран модел на Maserati
Хибридниот Ghibli го придвижува комбинација од дволитарски четирицилиндричен мотор и хибриден систем од 48 волти кој произведува 335 коњски сили.
Ghibli е првиот модел со кој Maserati влегува во светот на автомобилите со хибриден погон. Овој модел развива 335 коњски сили и 450 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,7 секунди и развива 254 км/ч.
Производството на Ghibli започнува во септември.