Албино крокодил бил забележан во водите на реката Аделаида во близина на Дарвин, а она што е посебно чудно е што се работи за возрасен примерок.
Крокодилот кој го доби името Перл (бисер) бил забележан од локалното население, а еден очевидец рече дека бил долг речиси три метри.
Бојата на крокодилот е предизвикана од состојбата хипомеланизам, што претставува ниско ниво на пигментот меланин.
„Сите сме воозбудени, го гледав цела ноќ“, вели портпаролката на локална група за заштита на животните.
Повеќето крокодили во Австралија се сиви или зелени, што им помага полесно да се камуфлираат во природата. Белата боја кај албино крокодилите е прашање на генетска мутација, што според експертот Адам Бритон се должи на процес во текот на фазата на инкубација.
„Јајцата во гнездото понекогаш се изложени на преголема топлина, што резултира со грешка при клеточната делба и предизвикува мутација“, вели тој.
Појавата на албино крокодил е многу ретка, но уште поретка е можноста да се види возрасен примерок на албино крокодил бидејќи поради нивната неможност да се камуфлираат се полесна мета за предаторите.