Редок и екстремно скап: Ferrari од 4 милиони евра

Од моделот Ferrari Sergio се направени само 6 примероци, а никогаш не се нашол во слободна продажба.

Меѓутоа, еден од овие автомобили, сега може да се купи за 4,3 милиони евра, колку што за него се бара на аукција, што е речиси двојно од неговата првобитна цена. Со обзир на тоа колку е редок модел, веројатно нема да биде тешко да најде купувач.

Sergio е создаден како концепт во 2013 година, кога Ferrari во соработка со Pininfarina го претстави на автомобилскиот саем во Женева. Продукциската верзија е создадена во 2015, а во време кога била изложен, исто така на саемот во Женева, автомобилот веќе бил распродаден, бидејќи бил понуден на посебно одбрана група на купувачи и колекционери на Ferrari.

Од вкупно 6 направени примероци, 3 завршиле во САД, еден во Обединетите Арапски Емирати, еден во Јапонија, а последниот завршил во Швајцарија. Токму примерокот од Швајцарија сега е понуден на аукција.

Ferrari Sergio е базиран на моделот 458 Speciale. Го движи 4.5 литарски V8 мотор со 605 КС, благодарение на кој автомобилот заврзува до стотка за 3 секунди.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе