Редок вид на бели жирафи забележани во Кенија
Навистина многу ретки во животинскиот свет, потполно бели жирафи неодамна биле забележани и снимени во Кенија.
Претставуваат вистинска реткост и се навистина преубави.
Мајката и бебето жирафа кои можат да се забележат на видеото имаат генетско пореметување- леуцизам, кое спречува пигментација во ќелиите на кожата и резултира со бела и бледа боја.