Реге-Жан Пејџ е најубав маж во светот

Реге-Жан Пејџ, кој го играше Сајмон Басет во првата сезона на популарната серија Bridgerton на Netflix, е прогласен за најубав маж во светот.

Козметичкиот хирург Џулијан Де Силва ги откри резултатите според „златниот сооднос“ - Пејџ беше јасен победник. Неговото лице има прецизност од 93,65 проценти според златниот сооднос.

На второ место е Крис Хемсворт со 93,53 отсто, додека Мајкл Б. Џордан е трет со 93,46 отсто.

„Реге победи поради неговото класично згодно лице и убави кафеави очи. Тој лесно доби највисока оценка за растојание помеѓу очите, а и поставеноста на очите кај него исто така беше високо оценета. Неговите совршено обликувани усни исто така постигнаа високи резултати и единствениот резултат што беше малку понизок беше ширината и должината на неговиот нос“, рече Де Силва.

Резултатот се заснова на компјутеризирано мапирање на мерењата на физичкото совршенство врз основа на златниот пресек и го одредува физичкото совршенство на едно лице. Колку лицето е поблиску до соодносот 1:1.618, толку е посовршено.

Де Силва рече: „Овие целосно нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што некого го прави физички убав, а технологијата е корисна при планирање операции на пациентите“.

Според пресметките на Де Силва, Хари Стајлс е на четвртото место со 92,3 отсто, англискиот фудбалер Џуд Белингам е петти со 92,22 отсто, а шести е Роберт Патинсон со 92,15 отсто. Да потсетиме, Патинсон летово по истата формула беше прогласен за најубав маж во светот.

Листата продолжи со Крис Еванс на седмото, Џорџ Клуни на осмото, Хенри Голдинг на деветтото и Двејн Џонсон на последното место.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Филм & ТВ

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Read more

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Read more

Официјален трејлер за The Night Agent

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе