Кај државите на европскиот континент преовладува комбинацијата на бела или сивкаста главна боја со син дел и црни букви на автомобилските регистарски таблички, но има и исклучоци.
Обединетото Кралство има таблички на кои преовладува жолтата боја, а Холандија и Луксембург портокаловата.
Табличките на Швајцарија, Русија, Белорусија и Ватикан се целосно бели со црни букви, додека оние на Исланд исто така бели, но со сини букви. Андора, пак, има сива боја со црни букви.
Единствената која користи црвени букви е Белгија.
Македонија со главна бела, дел сина и црни букви е во европскиот стандард. Кај нас има 33 различни таблички поради 33-те регистрациски подрачја.