Регистриран првиот смртен случај во Грција од вирусот Западен Нил

Атина, 31 јули 2020 (МИА) – Пациент со претходни здравствени проблеми и возраст од над 80 години е првиот регистриран смртен случај во Грција од вирусот Западен Нил, додека пак во земјата се дијагностицирани вкупно десет заразени лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција, од десетте потврдени случаи, пет се хоспитализирани, четворица пациенти биле отпуштени од болниците, а еден почина.

Првите два случаи на Западен Нил во Грција беа регистрирани на 19 јули кога Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека случаите, со оглед на тоа што речиси секоја година во текот на летото и есенските месеци, „се појавуваат случаи во разни области (и) во Грција“, се очекувани во актуелниот период.

Според официјалните податоци, вирусот во земјата е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица.

Во 2015 и 2016 година не бил регистриран ниту еден случај, а најмногу заразени и смртни случаи имало во 2018 година – 317 случаи и 51 починат.

Минатата година биле регистрирани 227 случаи, а починале 35 лица. 

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Регион

Опозицијата загуби од Вучиќ за 51 глас, студентите излегоа на улица

Read more

Вештак открива детали за момчето-убиец од Белград: Сакал да биде психопат

Read more

Вучиќ се обрати од терасата на Претседателството

Read more

Bloomberg: Трамп сака да депортира мигранти во Србија

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе