Регистриран сомнителен случај на мали сипаници

Скопје, 15 октомври 2019 (МИА) – Сомнителен случај за мали сипаници е регистриран изминатата недела.

За време на инкубација лицето престојувало во странство и припаѓа на возрасната група од 20 до 29 години. Во тек се лабораториски испитувања.

Заклучно со денеска вкупниот број регистрирани случаи на мали сипаници во државава изнесува 1.900, со стапка на заболување од 91,8 на 100.000 жители.

Сѐ уште е во тек е епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава, стои во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови. Најголем број се регистрирани во Скопје – 997, а највисока инциденца се регистрира во Струга – 165,1 на 100.000 жители. Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Најголем број заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,9 отсто), а највисока инциденца од 1.399,1 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година.

Според вакциналниот статус, 1.529 (80,5 отсто) од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.

Во 40-та недела во државата вакцинирани се вкупно 1.580 деца (предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 41.013 (во вкупниот број на вакцинирани се вклучени пропуштените и редовно вакцинираните деца со МРП вакцина). Од почетокот на епидемијата досега, во центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани 6.288 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст од над 14 години.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе