Македонија

Регулаторната комисија не го почитувала законот кога одобрила поскапување на водата

20. февруари 2018 - 19:23 | Макфакс

Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени во согласност со Законот за утврдување на цените на водните услуги.

Ваков заклучок донесе Владата кога денеска на владина седница ја разгледа информацијата за обврските и роковите што произведуваат од Законот за утврдување на цените на водните услуги.

„Наместо да бидат донесени во 2016, Регулаторната комисија за енергетика новите цени за водата ги донела по завршувањето на локалните избори во 2017 година. Оваа постапка сериозно ја доведува во прашање независноста на Регулаторната комисија за енергетика, која очигледно ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори“, соопштија од Владата.

Во согласност со ова сознание, Владата им препорача на водостопанските препријатија дека може да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга во согласност со ставот 2 од членот 17 од Законот за утврдување на цените за водите.

Коментирај