Реинкарнација на еден од најгрдите автомобили во светот

Моделот Fiat Multipla редовно се вбројуваа на листите автомобили со најгрд дизајн на екстериерот.

Multipla е познат како еден од најконтроверзните автомобили кога станува збор за дизајнот. Овој необичен модел на автомобил дебитираше во 1998 година како MPV (повеќенаменско возило) и се произведуваше до 2010 година.

Историјата на Fiat Multipla датира од 90-тите, кога зголемената побарувачка за повеќенаменски возила во автомобилската индустрија и потребата за иновации го поттикнаа Fiat да развие нешто поразлично од конвенционалните MPV на пазарот. Резултатот беше Fiat Multipla, кој се истакна по својот уникатен и ексцентричен дизајн.

Што се однесува до реакциите за Multipla, тие беа крајно поделени. Додека некои ја ценеа храброста на Fiat да истражува нови дизајнерски насоки и да обезбеди нешто поинакво на пазарот, други не можеа да се помират со неговиот изглед. Трите пара светла на предниот дел од возилото и неконвенционалниот облик на каросеријата беа предмет на шеги и критики.

Сепак, и покрај контроверзноста околу дизајнот, Fiat Multipla беше функционално возило со пространа внатрешност, можност за превоз до шест лица и многу практични решенија за семејства.

Уникатен и препознатлив

Своето место во автомобилската култура го заслужи како уникатен и препознатлив модел. Иако повеќе не се произведува, останува запаметен како еден од најекспресивните примери на дизајнерско експериментирање во светот на автомобилите. Можеби тоа е причината зошто сè уште е основа за нови експерименти, бидејќи денешните клиенти се многу повеќе склони кон необични решенија отколку што беа на крајот на минатиот век.

Еден од дизајнерите кои се обиделе да направат модерна интерпретација е Maltese Design, а коментарите се повеќе од охрабрувачки.

Во оваа визија, Multipla го задржува оригиналниот дизајн на профилот, со поостри, извајани линии. Подобрен со поголеми тркала и пониска силуета, зрачи со спортски дух. Значајните промени во дизајнот вклучуваат потенки LED светла во форма на Y кои ги заменуваат препознатливите ниско поставени светла и испакнатите тркалезни фарови.

Имплементацијата на тенки рачки на вратите и нагласените задни браници придонесуваат за уникатна естетика. Предните врати се отвораат конвенционално, додека задните врати изгледаат како да се отвораат наназад, слично на моделите со четири врати на Rolls-Royce.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 26 февруари до 3 март: Голема трансформација за еден знак

Read more

Како се чисти загорено дно на пегла со таблета парацетамол?

Read more

Починат маж пронајден на улица во Скопје

Read more

Полната Месечина викендов ќе донесе промени во кариерата за 5 знаци

Read more

Авто новости

Renault Scenic E-Tech е автомобил на годината во Европа

Read more

Што значат бројките и буквите на гумите?

Read more

Подновен најмалиот Audi - што има ново?

Read more

Mercedes издаде предупредување за 250.000 возила

Read more
 

Автомобили

Renault Scenic E-Tech е автомобил на годината во Европа

Читај повеќе

Што значат бројките и буквите на гумите?

Читај повеќе
  • filter

Подновен најмалиот Audi - што има ново?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Читај повеќе

Mercedes издаде предупредување за 250.000 возила

Читај повеќе

Citroen тргна во технолошка офанзива: Претставен хибридниот C4 X

Читај повеќе

Што носи новиот BMW M5?

Читај повеќе
  • play_arrow

Возач со 9 животи: За влакно избегна смрт двапати во неколку секунди

Читај повеќе

Со кој автомобил ќе возите најдолго на „резерва“?

Читај повеќе