„Рекет“ одложен за 27 јануари, не дојдоа адвокатите на Јанева

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Судењето за случајот „Рекет“ се одложи за 27 јануари 2020 година откако на денешното рочиште поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева повторно се појави без своите бранители, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.

Со оглед дека се работи за сериозен предмет со затворски притвор, судијката Васка Николовска-Масевска ја повика Јанева да се произнесе дали ќе ангажира друг адвокат, бидејќи вакво одложување е неприфатливо.

– Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам, изјави Јанева.
 
Судијката реагираше дека може да продолжи и со некој од адвокатските канцеларии на нејзините бранители или во краен случај со бранител по службена должност.
 
– Судот, доколку и во понеделник не се појави одбраната на Јанева, ќе побара од претседателот на Судот да постави бранител по службена должност, изјави судијката Николовски-Масевска.
 
Судијката, на почетокот на денешното рочиште, информираше дека до Судот на 21 јануари пристигнал поднесок од адвокатката Фрчкоска дека поради болест не може да присуствува на денешното рочиште.
 
Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште требаше да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.
 
Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.
 
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.
 
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе