„Рекет“ продолжува на 25 декември

Суми од 12, 5, 18 и 24 милиони денари биле повлекувани неколкупати во декември 2018 и февруари 2019 година од приватните сметки на Камчеви, сведочеше вработена кај Орце Камчев на денешното рочиште за „Рекет”.

Сведокот Мирјана Бошковска, девизен референт во „Орка холдинг”, рече дека во декември 2018 година и во февруари годинава има вадено неколкупати поголеми суми од приватни сметки на семејството Камчеви.

– Во декември имаше 12 милиони денари, 5 милиони и нешто повеќе од 5 милиони денари. Ги менував во менувачница во евра. Во февруари извадив 18 милиони и 24 милиони денари од сметките на сестрата и мајката на Камчев. Со обезбедување отидов во менувачница и ги заменив во евра. Потоа ги однесов во домот на Камчеви и таму заедно со Камчев ги средив парите и направив спецификација, по што си заминав, рече сведокот Бошковска.
 
На прашање од Боки 13, во што ги донела парите во домот на Орце Камчев, сведокот рече во две спортски торби.
 
– Точно 710 илјади евра во две спортски торби, изјави Бошковска.
 
На прашање од одбраната на Катица Јанева, сведокот рече дека во декември не направила спецификација на повлечените средства.
 
– Само во февруари направивме спецификација заедно со Орце Камчев, рече сведокот Бошковска.
 
Следното рочиште од судењето за „Рекет“ е закажано за 25 декември, кога треба да бидат сослушани четворица сведоци.
 
Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
 
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.
 
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.
 
Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
 

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

реклама

Македонија

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе